Персискиот мачор Пек

Publisher: Македоника | Language: Македонски | Year: 2018
Original title: Најдобрата кинеска литература за деца - антологија | Num. of pages: 248 | Dimensions: 200х140 | Cover: /

Гао Хонгбо (роден во 1951, жител на округот Каилу, Внатрешна Монголија) е раководител на Комитетот за литература за деца при Кинеското здружение на писателите. Има објавено 14 поеми за деца, како: Слонот судија, Гуска, гуска, гуска, Крокодилот каменојадец, Тајната на бујната пролет, Те сакам, Лисица; повеќе од 30 есеи, меѓу кои и Персиска мачка, Пијан сектор, Животна фарса, Воената проза на Гао Хонгбо, Значењето на мастилото и шармот на мастилницата; 11 приказни за деца, вклучувајќи ги Тајната на птичјиот камен, Рибата фенер, Го сретнав зајакот Бубу итн. и осврти, како што се Гуска натоварена со приказни – краток осврт на кинеска и странска литература за деца, Љубовничко дрдорење кон музата. Во 2009 година беа објавени Собрани дела на Гао Хонгбо во осум тома. Добитник е на највисоките кинески награди за книжевност за деца. Во овој том, во избор на авторот, се објавени осумдесетина куси раскази, бајки и басни. Во својот предговор на овој избор, Гао Хонгбо пишува: „Литературата за деца му припаѓа на целото човештво и на светот... Вистината, добрината, убавината, детската невиност, детските широки интереси, детската едноставност, среќата, радоста, возвишената имагинација, вклучувајќи ја и детската литература, се духовни витамини што ги крепат сите народи, исто како и есенцијалниот протеин и калциум. ... Благословот на литературата за деца е благослов на иднината на еден народ. Преведувањето на литературата за деца значи да се преведе еден народ, а тоа е мешавина на слава и гордост.“

Price: 150 ден

5 in stock

Compare
Sold By Македоника Литера

Report an abuse for product Персискиот мачор Пек

Categories: ,
SKU: 978-608-252-087-2

Reviews

There are no reviews yet.

Be the first to review “Персискиот мачор Пек”

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Questions and Answers

You are not logged in