Подмолна убавина

Издавач: Издавачки центар ТРИ | Јазик: Македонски | Година: 2010
Оригинален наслов: Beautiful malice | Бр. на страни: 232 | Димензии: 140 x 205 | Корица: /

Слоевит, потресен и морничав роман проткаен со психолошка неизвесност. Од изопачениот почеток па сè до шокантната кулминација, Подмолна убавина открива опсесивна приказна во која луѓето, мотивите и околностите никогаш не се онакви какви што изгледаат.Која е Кетрин Патерсон? Тоа е прашањето што таа се надева дека никој не може да го одговори. За да го избрише минатото, Кетрин се преселува во нов град, се запишува во нова гимназија, па дури и си го менува името - безмалку, како потполно да ја снемува.Претпазлива и сама, не бара ништо друго освен анонимност. Она што ќе го најде е последното нешто што го очекува: пријател.Уште поневеројатно е што новата другарка на Кетрин е најпопуларната и најпривлечната девојка во училиштето. Комуникативна, заводлива и непредвидлива, Алис е сè што Кетрин не е и не сака да биде: центар на внимание. Но и Алис има свои тајни - помрачни одошто може да се замисли. А кога Алис конечно ја трга маската, Кетрин ја открива најмрачната од сите тајни.„Најсензационалното деби на светската книжевна сцена“.Волстрит журнал
Рангирано 4.6 од 5 според 4 рејтинзите на корисниците
(5 оценки на корисници)

Цена: 250 ден

Распродадено

Извести ме кога производот ќе биде на залиха

Спореди
Продавач Издавачки центар ТРИ

Report an abuse for product Подмолна убавина

Категорија:
ИСБН: 9786084577935

5 оценки за Подмолна убавина

  1. Rated 5 out of 5

    Катерина Ристоска (верификуван корисник)

    Неверојатен роман. Приказ на дволичноста на луѓето за кои мислиме дека ни се верни пријатели. Секој човек барем еднаш во животот бил жртва/сведок на ваквите карактеристики на блиски поединци и со сигурност ќе се поистовети со главниот носител на дејството во одредени моменти во книгата.Топло ја препорачувам на сите љубители на книгите.

  2. Rated 5 out of 5

    elena mladenovska (верификуван корисник)

  3. Rated 3 out of 5

    Трајче Витанов (верификуван корисник)

  4. Rated 5 out of 5

    Anonymous (верификуван корисник)

  5. Rated 5 out of 5

    Слаѓан Бишковски (верификуван корисник)

    Ubava kniga 🙂

Додади оценка

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in