Подмолна убавина
Автор:
Ребека Џејмс
Издавач:
Издавачки центар ТРИ |
Јазик:
Македонски |
Година:
2010
Оригинален наслов:
Beautiful malice |
Бр. на страни:
232 |
Димензии:
140 x 205
|
Корица:
/
Слоевит, потресен и морничав роман проткаен со психолошка неизвесност. Од изопачениот почеток па сè до шокантната кулминација, Подмолна убавина открива опсесивна приказна во која луѓето, мотивите и околностите никогаш не се онакви какви што изгледаат.Која е Кетрин Патерсон? Тоа е прашањето што таа се надева дека никој не може да го одговори. За да го избрише минатото, Кетрин се преселува во нов град, се запишува во нова гимназија, па дури и си го менува името - безмалку, како потполно да ја снемува.Претпазлива и сама, не бара ништо друго освен анонимност. Она што ќе го најде е последното нешто што го очекува: пријател.Уште поневеројатно е што новата другарка на Кетрин е најпопуларната и најпривлечната девојка во училиштето. Комуникативна, заводлива и непредвидлива, Алис е сè што Кетрин не е и не сака да биде: центар на внимание. Но и Алис има свои тајни - помрачни одошто може да се замисли. А кога Алис конечно ја трга маската, Кетрин ја открива најмрачната од сите тајни.„Најсензационалното деби на светската книжевна сцена“.Волстрит журнал
5 оценки за Подмолна убавина
Questions and Answers
You are not logged in
Катерина Ристоска (верификуван корисник) –
Неверојатен роман. Приказ на дволичноста на луѓето за кои мислиме дека ни се верни пријатели. Секој човек барем еднаш во животот бил жртва/сведок на ваквите карактеристики на блиски поединци и со сигурност ќе се поистовети со главниот носител на дејството во одредени моменти во книгата.Топло ја препорачувам на сите љубители на книгите.
elena mladenovska (верификуван корисник) –
Трајче Витанов (верификуван корисник) –
Anonymous (верификуван корисник) –
Слаѓан Бишковски (верификуван корисник) –
Ubava kniga 🙂