Порта на солзите
Автор:
Абрахам Вергезе
Издавач:
СИЛСОНС |
Јазик:
Македонски |
Година:
2011
Оригинален наслов:
Cutting for stone |
Бр. на страни:
775 |
Димензии:
20 cm
|
Корица:
мека
Дејството во книгата започнува во четириесеттите години на минатиот век. Кога од манастирот во Индија во 1947 год. Игуменијата Шеси Џиваргизе Ама ги испраќа со брод калуѓерката Мери Џозеф и сестрата Анџели од Индија за Африка. На бродот се појавува треска и сестра Анџели го губи својот живот, а сестра Мери тука го запознава Томас Стоун и тие заедно се обидуваат да ја спречат болеста и да ги излекуваат болните од треската, на тој начин се разболува и Томас, а сестра Мери го лечи и успева да го излекува.
Потоа и двајцата работат во Етиопија, во Адиса А беба во болницата Мисинг. Заедно се добар лекарски тим, тој се докажува како врвен хирург, а таа како добар асистент. Но еден ден сите се изненадени кога сестрата Мери добива породилни болки и на свет донесува две машки деца, но за жал таа го губи својот живот. Скршен од болка др. Стоун исчезнува, а за малите деца се грижи доктор Хема која ги засакува и им е како мајка. Таа им ги дава имињата Марисон Стоун и Шива Стоун, но за жал децата се предвремено родени и малиот Шива има проблеми со дишењето. На Хема ѝ помага др. Гиш кој е заљубен во неа и набрзо тие четворица стануваат семејство.
Каков е животот на ова семејство и како растат децата, што сè им се случува во нивните животи, дали ќе се сретнат со нивниот вистински татко и каде сè ги води животот ќе ве оставам самите да откриете доколку се решите да ја прочитате.
1 оценка за Порта на солзите
Questions and Answers
You are not logged in
Anonymous (верификуван корисник) –
Kniga koja cel zivot ke ja nosite vo sekavanje. Zivotnata saga na ova semejstvo e tolku potresna i vpecatliva i tolku vistinski prenesena na citatelot da e neshto mezaboravno. Vergrze ja plete prikznata i ne vodi niz lavirintite na zivotot i majstorski seto toa go zaokruzuva ne ostavajki ne bez odgovor