Портрет на уметникот во младоста / Џејмс Џојс
Author:
Џејмс ЏОЈС
Publisher:
Макавеј |
Language:
Македонски |
Year:
2012
Original title:
A Portrait of the Artist as a Young Man by James Joyce |
Num. of pages:
235 |
Dimensions:
А5 / 21 cm
|
Cover:
мека
Првиот роман во опусот на Џејмс Џојс „Портрет на уметникот во младоста“ е печатен во продолженија во списанието „Егоист“ во текот на 1914 и 1915. Во овој период Џојс се запознава со поетот Езра Паунд, познат како голем подвижник и иноватор во англиската и европската литература. Со негова помош го печати романот прво во Њујорк во 1916, а потоа во Лондон во 1917 година. Веројатно најважен наратолошки аспект на романот е иновативната употреба на техниката позната како „тек на свеста“. Темата на урбаниот живот во градот, отвореното зборување за сексуалноста, миметичката употреба на јазикот кој го следи расположението на главниот лик, поврзаноста со митот, користењето на епифанија во моментот на трансформација на ликот, интересот за слободата на индивидуата спроти интересите на заедницата, сето тоа го прави Портретот на уметникот во младоста камен темелник на модернизмот во англиската и светската литература. Од него учат сите модернисти и пост-модернисти во XX и XXI век. За Џојс и неговото книжевно дело се напишани стотици критички дела од 1916 година па сè до ден-денес. „Во своите дела поставив толку многу енигми и загатки што професорите ќе имаат со што да се занимаваат со векови“, изјавил самиот Џојс. Превод од англиски јазик Благородна Богеска-Анчевска; поговор Зоран Анчевски
Reviews
There are no reviews yet.