Последната ноќ во “Шато Мармонт”
Доколку уживавте во „Ѓаволот носи Прада“, дефинитивно ќе Ви се допадне и овој наслов на Лорин Вајбергер, истата авторка на „Секој што е некој“ и „Бркајќи го Хари Винстон“. Доколку барате женска приказна исполнета со препознатливост околу женските обврски, точка на гледиште и сета таа драма околу истото, ова е вистинскиот избор за Вас. Заборавивме да ја споменеме и пожртвуваноста? Брук и Џулијан се познат пар на Менхетен, чија врска трае 2 години и брак 5 години - нејзиното работно време како нутриционист ја чини 60 часа неделно, се во насока на поддршка на нејзиниот сопруг, имено талентиран музичар чии соништа допрва ќе се остваруваат. Кога фамозното SONY студио нуди договор за снимање на Џулијан, неговата кариера дефинитвно и вртоглаво оди кон врвот, а со тоа и стресовите околу нивниот заеднички живот рапидно растат. Со макотрпна посветеност и жртва за кариерата на обајцата, Брук се наоѓа во состојба животот да ја изманипулира и да нема кој да ја дочека дома по напорниот ден - се наоѓа во состојба нејзиниот сопруг да биде „машина која продава“, гостин на турнејата на Maroon 5, ѕвезда на The Tonight Show; се, освен нејзин сакан. Приказната се центрира толку околу нејзе, со извесни прикажувања на Џулијан кој практично, не е присутен во сегашноста бидејќи ги искористува своите можности, додека таа се прашува зошто би сакала воопшто да замине од Шато Мармонт? Дали цената на славата се исплати да биде платена на сметка од блискоста? Дали Холивуд е сонот кој двајцата го следеа?
Оценки
Сѐ уште нема оценки.