Повикот на кукавицата

Издавач: Антолог | Јазик: Македонски | Година: 2020
Оригинален наслов: The Cuckoo's Calling | Бр. на страни: 480 | Димензии: 13x20 | Корица: мека

Број 1 интернационален бестселер. Напнат крими-роман сместен во атмосферата на Лондон – од тивките улици на Мејфер, преку пабовите во зафрлените улички на Ист Енд до бучавата на Сохо. Една снежна вечер манекенката Лула Ланди ќе падне од балконот на својот апартман. Нејзиното проблематично однесување ќе ја наведе јавноста да заклучи дека станува збор за самоубиство. Меѓутоа, нејзиниот брат не го дели општото мислење. Тој го најмува приватниот детектив Корморан Страјк да го испита случајот. Страјк е воен ветеран, со многу проблеми и на физички и на психички план. Неговиот живот се распаѓа, така што истрагата околу смртта на познатата манекенка ќе му се види како појас за спасување. Случајот го втурнува во светот на мултимилионерските убавици, рок-естрадата и очајните дизајнери, свет исполнет со разновидни задоволства, искушенија, пороци и заблуди. Откривајќи шокантни тајни, детективот ќе влезе во срцето на опасноста. Можеби мислите дека веќе знаете сè за детективите, но никогаш не сте сретнале некој како Страјк. Можеби мислите дека знаете сè за богатите и славните, но никогаш не сте ги виделе во истрага како оваа.

Цена: 550 ден

10 на залиха

Спореди
Продавач Антолог

Report an abuse for product Повикот на кукавицата

Категорија:
ИСБН: 978-608-243-386-8

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Повикот на кукавицата”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in