Повикувач на дожд
Автор:
Јиржи Хајичек
Издавач:
Антолог |
Јазик:
Македонски |
Година:
2017
Оригинален наслов:
Dešťová hůl |
Бр. на страни:
248 |
Димензии:
13x20
|
Корица:
/
Збињек, самостоен референт за недвижности, по многу години се сретнува со својата некогашна љубов за да ѝ помогне во, на прв поглед, едноставен имотноправен проблем. Се враќа во родното село, во местото на своето детство и созревање, и постепено ќе се заплетка во нејасни околности околу спор за имот, но и во својата лична и брачна криза. Се бори со несоница, талка низ пределот и низ катастарските мапи, а над нив како призрак се издигнува откачениот селски авијатичар од осумнаесеттиот век. Во клучен момент Збињек стапува во акција за едно утро „да не се разбуди како некој друг“.Прогласена е за книга на годината во анкетата на весникот „Лидове новини“ за 2016 година. „Одлично напишана книга за неисцрпната, вечна тема. Жртви и убијци. Злосторство и казна.“Радим Копач, МФ Днес
Questions and Answers
You are not logged in