Позајмени сништа
Автор:
Ангела Пенова
Издавач:
КУЛТУРА |
Јазик:
Македонски |
Година:
2022
Оригинален наслов:
Позајмени сништа |
Бр. на страни:
213 |
Димензии:
20
|
Корица:
мека
Му должиш на детето во тебе да се бориш за неговите соништа, му вети, се сеќаваш?
Понекогаш посакувам да се вратам во минатото, но не за да ги променам работите, туку да ги почувствувам по втор пат. Верзијата од него што таа ја креираше во нејзиниот ум, не е негова одговорност.
Тејлор ја уништи бајката во која Еден живееше со години. Егоистичен, брутален, но никогаш доволно искрен за постапките кои мораше да ги направи шест години претходно.
Сè уште ја посакува, а таа е крајно недостижна. Неговиот ноќен живот и забавите не се некое ветување за созреана личност. Кој ќе биде „тригерот“ да го натера да застане на сопствени нозе?
И тогаш сонот се заплеткува со реалноста. Секоја вечер продолжува каде што застанал.
Дали ја имаме таа моќ да управуваме со него или тој е дел од мислите што го окупираат нашето секојдневjе? Што кога и двајцата се присутни во истиот сон и свесно одговорни за секоја постапка која ја преземаат?
Оценки
Сѐ уште нема оценки.