Практика на односи со јавноста
Ефективните односи со јавноста станаа примарна одговорност на секој лидер бидејќи сега медиумите не доааѓат со пенкала и со преносливи компјутери, туку со мобилни телефони со тастатури, кои директно ја пренесуваат информацијата. Дури и во оваа ера на слободни и многубројни медиуми, градењето цврсти и долготрајни односи со новинарите сè уште се базира на практицирањето односи со јавноста.
Фрејзер П.Сејтел е вонреден професор на Универзитетот од Њујорк и повремен професор на Универзитетот од Флорида. Тој со овој текст покажува дека добрите односи со јавноста нема да ги решат актуелните проблеми со рецесијата, но со ширењето на принципиелна политика од страна на искусни професионалци за односи со јавноста ќе се овозможи разбирање на основните прашања. Со тоа ќе се создаде подлога за формулирање посоодветна и поефективна политика. Лидерите од јавниот, приватниот и од непрофитниот сектор имаат научено преку своите лични болни искуства дека треба да се потпрат на своите советници за односи со јавност при креирањето на стратегиите и на политиките за коминицирање.
Сите оние што работат макотрпно на враќањето и на зајакнувањето на капацитетот на нашите институции и што ù се посветени на идејата нивните лидери да се справат со јавноста ефикасно и чесно во оваа книга ќе пронајдат многу корисни и суштински насоки за остварување на своите цели.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на ekonomija@arslamina.com.
1 review for Практика на односи со јавноста
Questions and Answers
You are not logged in
Anonymous (verified owner) –