Празни улици

Издавач: Антолог | Јазик: Македонски | Година: 2017
Оригинален наслов: Prázdné ulice | Бр. на страни: 464 | Димензии: 13х20 | Корица: /

  Дејството почнува кога главниот лик случајно нагазува на шилец од еден дрвен предмет. Формата на чудниот предмет ја препознава во различни места на градот и таа го води во потрага по една млада девојка што неодамна исчезнала. Девојката има 22 години, но со својата краткоистрижена коса личи на тинејџерка. Нејзината тетоважа на стомакот е енигма за херојот на романот, кој мисли дека, ако го разгатне симболот од тетоважата, ќе може да ја открие и тајната на исчезнувањето. Книгата се претвора во магична детективска приказна, но и медитација за значењето на животот, исполнета со голем број потраги и мистериозни исчезнувања. Романот „Празни улици“ изобилува со игра, напнатост, симболи, философија, поезија, описи на амбиенти и необични ликови, кои стапуваат во несекојдневни односи и ситуации. Дали мистеријата ќе го доведе херојот до банално разочарување на неговите очекувања или навистина ќе открие некоја голема и длабока тајна? За романот „Празни улици“ во 2005 година Михал Ајваз ја добива највисоката национална награда во Чешка, „Јарослав Сајферт“.   „Се чита лесно и со нетрпение.“ Kirkus Reviews Михал Ајваз (1949) е чешки писател и преведувач, претставник на магичниот реализам. Татко му е со караимско потекло од Крим, а мајка му е Чехинка од Австрија. Студирал бохемистика и естетика во Прага. Во младоста работел најразлични нешта, меѓу кои и чувар на паркинг и одржувач на пумпа за вода. Моментално е истражувач по философија на еден институт во Прага. Својата прва книга ја објавил во 1989 година. Преведуван е на петнаесетина јазици.
Рангирано 5 од 5 според 4 рејтинзите на корисниците

Цена: 400 ден

Распродадено

Извести ме кога производот ќе биде на залиха

Спореди
Продавач Антолог

Report an abuse for product Празни улици

Категорија:
ИСБН: 978-608-243-250-2

Questions and Answers

You are not logged in