Приказна за љубовта и темнината
Author:
Амос Оз
Publisher:
Антолог |
Language:
Македонски |
Year:
2019
Original title:
סיפור על אהבה וחושך |
Num. of pages:
630 |
Dimensions:
13x20
|
Cover:
мека
„Приказна за љубовта и темнината“ е семејна сага и магичен автопортрет на Амос Оз, кој нè води на едно заводливо патување во своето детство и младост. Приказна за момче што расте во разрушените улици на воениот Ерусалим во 1940-тите и во 1950-тите години, во мал стан пренатрупан со книги на многу јазици. Трагична историја на едно наизглед нормално и среќно семејство. Животот на Амос засекогаш се менува по самоубиството на неговата мајка кога тој имал само 12 години. Оз е човек што ги остава зад себе ограничувањата што му ги поставуваат семејството и неговата заедница задоена од дневна политика и наследените култура и религија. Тој го менува своето име, се жени, основа семејство и се вклучува активно во политичкиот живот на својата нација. Лична и потресна „must read“ биографија, која ќе ве воодушеви и ќе ве расплаче. Во 2015 година Натали Портман го режира истоимениот филм. Самата ја толкува улогата на мајката на авторот и зборува на хебрејски јазик.
Reviews
There are no reviews yet.