Приказна за мустаќот

Издавач: Арс ЛИБРИС | Јазик: Македонски | Година: 2018
Оригинален наслов: / | Бр. на страни: 176 | Димензии: 20 | Корица: мека

Главниот јунак во „Приказна за мустаќот“ од Тахсин Јуџел е токму еден исклучителен мустаќ што го обојува мирниот живот на едно турско гратче со години, еден мустаќ кој, според многумина, се одделува од неговиот сопственик и

живее свој, посебен живот. Жителите на градот во него гледаат и обележје на нивното минато и светол знак на нивната иднина. Берберот кој се грижи за него секој ден го смета за сопствено ремек-дело; според девојките, тој навечер летнува и, влегувајќи низ отворените прозорци, ги посетува во нивните постели; а градскиот поет никако да ги најде вистинските зборови за да го опише и да го опее соодветно.

Што се однесува до неговиот сопственик, како мустаќот станува сè пограндиозен, така тој станува сè поневидлив, понезабележлив, преминува во втор план. Ги губи речиси сите други својства и карактеристики освен онаа на носител на еден монументален мустаќ, дури и самата машкост, но, и покрај тоа, и тој самиот мустаќот го смета за најважен од сè.

Единствениот отпор, единствениот противудар во однос на ова, според малкумина, замрачување на умот, доаѓа од неговата сопруга, но стигнува предоцна...

Цена: 250 ден

30 на залиха

Спореди
Продавач Арс ЛАМИНА

Report an abuse for product Приказна за мустаќот

Категорија:
ИСБН: 978-608-259-093-6

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Приказна за мустаќот”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in