Прирачник за структурата на текстилните влакна
Заради комплексноста и разновидноста на текстилни влакна, разбирањето на
нивната структура е од клучно значење. Ова авторитетнo издание во два тома,
обезбедува сеопфатен преглед на структурата за широк спектар на текстилни влакна.
Том 1 започнува со воведен сет од поглавја за структура на влакната и методи за
карактеризирање на влакната. Вториот дел од книгата ја опфаќа структурата на
произведени полимерни влакна, што се како полиестри, полиамиди, полиолефин,
еластомерни и арамидни влакна, како и високомодулни и високожилави полимерни влакна. Поглавјата ја разработуваат фазата на создавањето на влакната за време на процесите и како тоа влијае врз структурата на влакната и врз механичките карактеристики. Придружниот том дава преглед на природните, регенерираните, неорганските и на специјалните влакна.
Двата тома се напишани од уредници кои се водечки авторитети во областа, заедно со тим од меѓународни автори кои, и како такви тие претставуваат референции од суштинско значење за текстилните технолози и инженери, за научниците кои ги изучуваат влакна како и за академските кругови.
Др. Стефен Еикхорн (Stephen Eichhorn) е виш предавач и предава полимерна
физика и биоматеријали во Центарот за наука за материјалите при Универзитетот
во Mанчестер. Тој е член на ACS (Сојуз на хемичари на Америка) и на секцијата
за Целулоза и обновливи материјали и на Институтот за физика.
Професорот В.С.Хеарл (W.S.Hearle) е Емеритус професор, професор по текстилна технологија при Универзитетот во Манчестер и е почесен соработник и доживотен почесен член на Текстилниот институт.
Професорот Михаел Џеф (Michael Jаff) бил истражувач во Целанезе и Хоест Целанезе (Celanese и Hoest Celanese ) во САД пред да замине во одделот за биомедицински инженеринг на Институтот за технологија во Њу Џерси.
Др. Такеши Кикутани (Takeshi Kikutani) е професор на Катедрата за органски
и полимерни материјали на Токискиот Институт за технологија. Тој а член на
Друштвото за преработка на полимери и на Друштвото за наука и технологија на
влакната, во Јапонија.
Reviews
There are no reviews yet.