Пурпурни и бели цветови
Author:
Мишел Фабер
Publisher:
Издавачки центар ТРИ |
Language:
Македонски |
Year:
2015
Original title:
The crimson petal and the white |
Num. of pages:
845 |
Dimensions:
120х230
|
Cover:
/
Пурпурни и бели цветови нè води на патување во Лондон од XIX век, онаков каков што никогаш не сме го запознале во делата на класичната англиска литература. Мишел Фабер ја раскажува приказната за Шеќерче, деветнаесетгодишна проститутка коjа се бори да го сочува своето тело и својата душа. Кога ќе го запознае младиот и богат индустријалец Вилијам Рекам, во него гледа шанса да започне нов живот. Но додека очајнички се обидува да го задржи својот љубовник, таа мора да се соочи со морално пропаднатото општество, суровите и безмилосни луѓе, а исто така и со сопругата и ќерката на Рекам...
Мрачна приказна за проституцијата во некогашен Лондон, големо епско дело кое внесува феминистичка перспектива во класичниот историски роман, постмодерен роман во кој се преплетуваат суров реализам, семејна сага, лирска љубовна приказна и ироничен коментар на викторијанската книжевност – сите овие описи само делумно ја објаснуваат суштината на сложеното ремек-дело на Мишел Фабер. Во секој случај, сосем сигурно е дека Пурпурни и бели цветови, роман кој авторот го напишал по дваесет години поминати во истражување и подготовки, никого нема да го остави рамнодушен.
„Прекрасно, колосално, калеидоскопско дело кое мајсторски обединува многу различни стилови, жанрови и приказни. Несомнено една од најдобрите книги во првата деценија на новиот милениум“.
Тајм
Reviews
There are no reviews yet.