Пустинската змија од Гиза
Author:
Илија Магденоски
Publisher:
Антолог |
Language:
Македонски |
Year:
2016
Original title:
/ |
Num. of pages:
208 |
Dimensions:
13x20
|
Cover:
/
„Возбудлив прв роман!“ Лабина Митевска Болката и страдањата на луѓето секаде се исти независно од тоа каде се наоѓаат, во Македонија, на Балканот, на Блискиот Исток, во Америка. Кога децата и родителите ќе се разделат, нивната средба после 30 години е посебно доживување. Кога таткото изгубил сè и кога ќе се сретне со својата ќерка не сака да се раздели повторно, се жртвува за своето дете кое, пак, животот го посветило на борбата прoтив злото. На друг крај на земјата, големата љубов на двајца млади и вербата во подобро утре придонесува да се разоткрие една голема завера против човештвото. Но, не секогаш работите се предвидливи. Богатите и моќните изгледаат недопирливи, но, кога злото ќе се извие над нив, тогаш обичниот човек, малиот голем херој, станува влакно за кое тие се држат за да го спречат она што надоаѓа, она што ги загрозува нив, нивните семејства и нивниот народ. Сите ние сме мали големи херои од кои зависи каква утрешнина нè чека. Дали доброто ќе надвладее над злото зависи само од нас, обичните луѓе, независно во кој дел на светот живееме, независно на која вера ѝ припаѓаме, независно која боја на кожата ја имаме.
Questions and Answers
You are not logged in