Раѓањето на Венера
Автор:
Сара Дурант
Издавач:
Издавачки центар ТРИ |
Јазик:
Македонски |
Година:
2007
Оригинален наслов:
The birth of Venus |
Бр. на страни:
370 |
Димензии:
140 x 205
|
Корица:
/
Дејството на овој роман е сместено кон крајот на XV век во Фиренца. Со градот владее злогласниот проповедник Савонарола кој му бил образец на самиот Макијавели. Големиот дар зема данок во сите времиња и во кое било општествено уредување. Во амбиент што не дозволува изразување на индивидуалноста, а слободоумието се казнува најстрого, ја следиме судбината на жената надарена за уметност и желна за научните и филозофските вистини. Духот на ренесансата е жеден за слобода и творештво, нешто што не постои без да се преминат вообичаените норми и смелото изнесување на најразличните општествени девијации. Приказната е проткаена со еротика и со сложени љубовни односи и наедно со чисто жувство на мајчинство - а сето тое е сместено меѓу две сцени на умирање. Ова е, исто така, и брилијантна детективска приказна за Алесандра и нејзината љубовна врска со сликарот кој, поради неговата опседнатост со човечките тела, ќе биде осомничен за серија сурови убиства.Ова трогателно, сеопфатно и импресивно дело е најдобриот роман на Сара Дунант... Воведувајќи ги уметничките мотиви и дејството во прекрасната нарација, таа ги ситуира во секојдневниот живот големите теми за љубовта, сексот, смртта и уметноста.Санди тајмс. Дунант создаде силна, уверлива слика на ренесансната Фиренца: беда и бруталност, самоувереност и сила; политички махинации... величествено.Дејли телеграф
2 оценки за Раѓањето на Венера
Questions and Answers
You are not logged in
Даниела Карастојанова (верификуван корисник) –
Anonymous (верификуван корисник) –
fino spakuvano