Сенки на полноќ
Author:
Јован Илиески
Publisher:
Матица Mакедонска |
Language:
Македонски |
Year:
2016
Original title:
Сенки на полноќ |
Num. of pages:
337 |
Dimensions:
21
|
Cover:
/
„Таа не припаѓаше на сегашноста. Беше прогонувана од минатото. А стравуваше од иднината“ .
Пишува на корицата на романот „Сенки на полноќ“ чиј крај го запечатувам многу поразлично од „Кругот на животот“ Овој напрегнат трилер е проткаен со мистерија за едно убиство кое го влече главниот лик кон самоуништување, кон самоубиство, кон каење за животот и неговите одлуки.
Максим е успешен адвокат, а Дијана работи во холдингот на нејзиниот татко, во денешно Скопје. Максим е двигател на дејството, од мигот кога неговата љубена Дијана исчезнува. Таа ноќ, ја превртува приказната и и` дава посебен осврт. Оттогаш, секој лик има две лица. Научив да играм со нивните животи, и на крајот од денот - се каам за тоа. Но, секој лик завршува така како што заслужува и не заслужува. Имено, секој лик завршува на крајот така како што треба.
Иако кривичното дело се случува врз Дијана, вистинската жртва во романот е Максим, нејзината љубов - кој после нејзиното исчезнување, поминува низ најразлични фази, за да го достигне својот врв. Максим бара начин да излезе од целата ситуација, но дали останатите ликови го успоруваат дејствието или му даваат посебна напнатост? Како автор, не можам да останам рамнодушен на ниеден од ликовите. А, вас ви останува да им пресудите на истите. Иако, на крајот - самата приказна ги осудува ликовите кои треба да бидат казнети, последниот збор останува на читателот. Ова е приказна која е најблиску до нашата реалност, а далеку од нашиот меналитет. Сепак, на крајот, сместена во срцето на нашата држава.
Reviews
There are no reviews yet.