Сентиментално патување низ Франција и Италија

Издавач: Конгресен Сервисен Центар | Јазик: Македонски | Година: 2012
Оригинален наслов: / | Бр. на страни: 120 | Димензии: 20 cm | Корица: /

/Романот „Сентиментално патување низ Франција и Италија“ енајпознатото и најпопуларно дело од Лоренс Стерн, и тоа не само во Англија туку во цела Европа. Своевремено, веднаш по објавувањето, во Англија романот бил преведен на француски и потоа многупати бил преобјавуван и во Англија и во Франција. По големиот успех во Париз делото е преведено во Германија, Холандија, Полска и во уште некои земји, и секаде наидува на голем прием од страна на читателите.

Исклучителниот успех се должи и на популарноста што во тоа време ја уживале патописните книги, потоа на нагласениот сентиментален тон, но пред сè на една голема новина; имено, во ова дело Стерн не го води читателот низ пределот и низ градовите низ кои минува (делото

е автобиографски роман), туку ги опишува главно чувствата и размислувањето, што значи дека настојува да даде слика на внатрешниот свет, на сопствените доживувања и размисли, главно од сентиментална природа.

Патувањето не се одвива според некој однапред подготвен план, туку авторот допушта да го водат неговите чувства спрема претставничките на понежниот пол, кон чии чари постојано му е насочено вниманието секаде каде што ќе пристигне. Преку ова дело Стерн како да укажува на крајот на пикарскиот роман и на свртувањето на авторовото внимание кон чувствата и кон

внатрешниот живот на човекот...

Цена: 248 ден

Распродадено

Извести ме кога производот ќе биде на залиха

Спореди
Продавач КСЦ/ПОЛИЦА

Report an abuse for product Сентиментално патување низ Франција и Италија

Категорија:
ИСБН: 9786084694458

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Сентиментално патување низ Франција и Италија”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in