Штурец на огниште
Автор:
Чарлс Дикенс
Издавач:
Македоника |
Јазик:
Македонски |
Година:
2011
Оригинален наслов:
The cricket on the hearth |
Бр. на страни:
109 |
Димензии:
200х140
|
Корица:
/
Чарлс Дикенс (1812-1870) е најзначаен и најпопуларен романописец од викторијанската ера на англиската книжевност. Се смета за основоположник на социјалниот роман и го слика животот на ниските граѓански слоеви. Неговите дела се популарни и кај младите и кај возрасните читатели.Штурец на огниште е петта од неговите познати т.н. божиќни книги. Дикенс ја опишува „како дискретна и секојдневна..., наивна и симпатична“. Таа е една од неговите 'големи дела', топла „бајка за домашното огниште“, со идилична слика за семејната љубов и соседското пријателство, со добра композиција и вешт расплет. Еднаш рекол дека би сакал „да остави трага од својата рака во времето, трајно во времето, со еден благ потег за социјалните маси, кој ништо не би го избришал“. Штурец на огниште е еден негов „благ потег“.
Questions and Answers
You are not logged in