Скриеното благо

Publisher: Алманах | Language: Македонски | Year: 2017
Original title: Define | Num. of pages: 160 | Dimensions: 21х13,5 | Cover: мека

Мехмет Рауф (1875−1931) бил еден од турските писатели кој зад себе оставил завиден книжевен опус. По Халид Зија Ушаклигил, тој се смета за втор најдобар романсиер во турската книжев- ност од крајот на 19-от и почетокот на 20 век, кога повеќето турски писатели пишувале дела по пример на западната книжевност.     Мехмет Рауф е писател кој му припаѓа на романтизмот и идеализмот. Неговиот роман „Септември“ („Eylül“, 1901) се смета за прв психолошки роман во турската книжевност. Нашата издавачка куќа во 2013 г. го објави македонскиот превод на овој роман, кој претставува своевидна исцрпна психолошка анализа на ликовите од брачниот триаголник во чие средиште е една жена распната помеѓу својот сопруг и неговиот роднина кој е вљубен во неа.        Романот „Скриеното благо“ („Define“, 1901) е еден од првите детективски романи во турската книжевност, кој преку една возбудлива авантура го носи читателот во Истанбул од почетокот на 20 век. Дејството во романот започнува со посетата на Шакир Фејзи-беј, главен лекар на болницата во Ерзурум, на една болна старица во Истанбул, која живее со својата слугинка. Во текот на нејзиното лекување кое трае шест месеци, старицата му ја раскажува својата животна приказна на Фејзи-беј и му одава и една своја тајна која на младиот доктор од корен ќе му го измени животот. Писателот низ многу перипетии, на течен разговорен јазик, опишува една интересна авантуристичка приказна за пронаоѓање на скриеното благо, која од почеток до крај е проткаенa со хумористичен тон.

Price: 250 ден

1 in stock

Compare
Sold By Алманах

Report an abuse for product Скриеното благо

Category:
SKU: 978-608-4794-18-9

Questions and Answers

You are not logged in