Скршени крилја

Издавач: КУЛТУРА | Јазик: Македонски | Година: 2016
Оригинален наслов: Скршени крилја | Бр. на страни: 164 | Димензии: 21 см | Корица: /

„Скршени крилја“ на Милијана Павловска е роман за едно македонско семејство, жртва на сопствената неадаптабилност во новите општествени услови, а како такво нужно пропаднало. Главниот исповедник во оваа приказна е триесетичетиригодишната Марија која што ја реконструира својата животна приказна од најраното детство до својот неуспешен обид за самоубиство. Во почетокот на нарацијата, таа ги освојува нашите емпатии како девојче кое живее во сенка на строгата мајка која не го исполнува природниот закон да го поттикне сопственото дете да се реализира како слободна индивидуа, да се развива интелектуално и да стекне емоционална самодоверба. По завршувањето на првата година од средното угостителско училиште, таа прв пат патува сама и ја обзема чувство на релаксираност и восприемање на позитивната вибрација на животот. Новата димензија на постоењето е обоена и со првата, возвратена љубов. Марија останува бремена па стапува во брак многу млада со постариот Никола. Животот поприма мирен и спонтан тек на настаните. Марија го раѓа првото дете, го завршува образованието, со саканиот сопруг градат свој дом, се вработува, го раѓа второто дете... И сè така до моментот кога илјадници вработени наеднаш остануваат без работа и се ифрлени на работ од егзистенцијата. Транзицијата секому може да се случи, да ги разочара поединците, да ги обесхрабри, да ги раздвои сопружниците лево и десно во брачниот кревет, да ги докине старите обувки и да ги поттури неплатените сметки во некоја претрпана фиока. Транзицијата ги става луѓето и на морален испит, да останат храбри и мудри, со другиот и во добро и во зло. Марија, за чудо, Марија не го одбра вистинскиот модус на живеење. Ја отфрла храброста од срцето да му помогне на својот човек, го обвинува за сиромаштијата и оддалечувањето: „Не се сеќавам кога сме биле последен пат заедно. За љубов треба расположение, а ние не сме расположени.“

Цена: 300 ден

Распродадено

Извести ме кога производот ќе биде на залиха

Спореди
Продавач Култура

Report an abuse for product Скршени крилја

Категории: ,
ИСБН: 978-9989-32-829-9

Questions and Answers

You are not logged in