Смртта не е крај

Издавач: Арс ЛИБРИС | Јазик: Македонски | Година: 2022
Оригинален наслов: Смртта не е крај | Бр. на страни: 232 | Димензии: 20 | Корица: мека

Колку е реалноста објективно вистинита, а колку постои само како субјективна свест за она што е околу нас? И дали воопшто тоа што го перципираме како природа на нашето постоење не е можеби производ на нешто надвор од нас самите? Дали смртта е нов почеток, а не крај? Дали е таа коректив на постоењето што ù претходело и колку и самата е реална? Концептите на постоењето и нашето поимање на реалноста што заземаат централно место во романот „Смртта не е крај“ се суштествено метафизички и епистемолошки, всушност едни од најстарите филозофски проблеми: како стекнуваме знаење, што е реалност и како можеме да знаеме дека реалноста не е само во нашата глава/свест?

Како и во претходниот роман на авторот, „Мртвите знаат најдобро“, и овде убиецот-уметник Фуриозо е главен лик. Во „Смртта не е крај“ го следиме Фуриозо на неговиот пат на себеспознавање и разбирање на постоењето, на откривање смисла во апсурдноста, на барање убавина во чинот на умирање, конечно – на препознавање и прифаќање на животот онаков каков што е и градење успех од урнатините на неуспесите. Но, дали Фуриозо го изодува тој пат по своја волја и замисла или е можеби само марионета во нечии раце?

Цена: 390 ден

18 на залиха

Спореди
Продавач Арс ЛАМИНА

Report an abuse for product Смртта не е крај

Категории: , ,
ИСБН: 978-608-267-525-1

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Смртта не е крај”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in