Смртта не е крај
Author:
Владо Јаневски
Publisher:
Арс ЛИБРИС |
Language:
Македонски |
Year:
2022
Original title:
Смртта не е крај |
Num. of pages:
232 |
Dimensions:
20
|
Cover:
мека
Колку е реалноста објективно вистинита, а колку постои само како субјективна свест за она што е околу нас? И дали воопшто тоа што го перципираме како природа на нашето постоење не е можеби производ на нешто надвор од нас самите? Дали смртта е нов почеток, а не крај? Дали е таа коректив на постоењето што ù претходело и колку и самата е реална? Концептите на постоењето и нашето поимање на реалноста што заземаат централно место во романот „Смртта не е крај“ се суштествено метафизички и епистемолошки, всушност едни од најстарите филозофски проблеми: како стекнуваме знаење, што е реалност и како можеме да знаеме дека реалноста не е само во нашата глава/свест?
Како и во претходниот роман на авторот, „Мртвите знаат најдобро“, и овде убиецот-уметник Фуриозо е главен лик. Во „Смртта не е крај“ го следиме Фуриозо на неговиот пат на себеспознавање и разбирање на постоењето, на откривање смисла во апсурдноста, на барање убавина во чинот на умирање, конечно – на препознавање и прифаќање на животот онаков каков што е и градење успех од урнатините на неуспесите. Но, дали Фуриозо го изодува тој пат по своја волја и замисла или е можеби само марионета во нечии раце?
Reviews
There are no reviews yet.