Снеговите на Килиманџаро
Автор:
Ернест ХЕМИНГВЕЈ
Издавач:
Ѓурѓа |
Јазик:
Македонски |
Година:
2010
Оригинален наслов:
/ |
Бр. на страни:
128 |
Димензии:
125X200
|
Корица:
/
Главната личност во расказите на Ернест Хемингвеј е човек соочен со светот во кој владеат злото и насилството. Во тој конфликт човекот се учи како да ја зачува човечноста, како треба да се однесува во животните несреќи и во смртните маки. Тој хемингвеевски кодекс на однесување е основната нишка што се провлекува низ сите раскази во оваа книга – од класичното ремек-дело Снеговите на Килиманџаро до приказните од воена Шпанија. Во нив, низ директни сведоштва, авторот ни ја слика малку познатата и најчесто запретана страна на војувањето. Во сите нив доаѓаат до израз чувствата на „изгубената генерација” разочарана од војната, губењето на вербата во традиционалните вредности, свеста за насилството и за близината на смртта. Но дури и кога е најтешко, во човекот се буди нагонот за преживување и вербата дека има за што да се живее.
1 оценка за Снеговите на Килиманџаро
Questions and Answers
You are not logged in
Anonymous (верификуван корисник) –