Со раѓањето на Јакоб сè се смени
Author:
Кирстен Боје
Publisher:
ИКОНА |
Language:
Македонски |
Year:
2013
Original title:
Mit Jakob wurde alles anders |
Num. of pages:
120 |
Dimensions:
20 см
|
Cover:
/
Неле има дванаесет години и за првпат е вљубена. И тоа во Оливер, момче од нејзиното одделение, но се чини како тој воопшто да не го забележува тоа. Меѓутоа, Неле е сосема сигурна дека и Оливер ја сака, зашто таквите работи едноставно се чувствуваат, а освен тоа и самите нејзини чувства неа не можат да ја излажат. Но, Неле има уште еден проблем кој не започнува со буквата „О“, туку со „Ј“ како Јакоб. Откако се роди Јакоб, дома ништо веќе не е како порано. Гуси се чувствува запоставено, а мама и тато си ги заменија улогите. За Неле тоа е навистина срамно. Секако дека и во други семејства постојат мајки кои се вработени, но зарем постојат татковци кои се грижат за домот?
Reviews
There are no reviews yet.