Сонцето под земја, кралството над него. Кн. 1, Неродениот и човекот кој не умре

Издавач: Антолог | Јазик: Македонски | Година: 2023
Оригинален наслов: Сонцето под земја, кралството над него. Кн. 1, Неродениот и човекот кој не умре | Бр. на страни: 351 | Димензии: 20 | Корица: мека

Длабоко под земја лежи второто сонце, елша. Елшата е магична материја која со векови ги хранела Сончевите кралеви, давајќи им натприродна сила. Но не повеќе. Некои не ни веруваат дека некогаш тоа било вистина.

Сега поважно е пророштвото – пророштвото кое вели дека Сончевото кралство ќе згасне засекогаш. Неизбежноста на судбината ја засенува кралската фамилија. Затоа, принц Марко, Токиј Токмакот – џинот кој не е џин, Неда – главата на Зраците, и Ѕвездан – oвчарот од Поток, мораат да го најдат Неродениот од жена, да го уништат пред тој да збрише сè.

Но, на Сончевото кралство му се закануваат и други опасности. Стариот крал е решен да ги сече врските со господарот од подземјето, а Копачите, на чело со командантот Драгор, сејат раздор и ерес по срцата на народот. Браќа и сестри ќе посегнат по зло од завист, кој со оружје, кој со магија – сите барајќи си го своето.

Херои не можат да постојат, не во оваа земја. Oваа земја плаче за крв, а сонцето под земја ќе го нахрани победникот – некој ќе го отруе, некој ќе го зацари.

Цена: 450 ден

10 на залиха

Спореди
Продавач Антолог

Report an abuse for product Сонцето под земја, кралството над него. Кн. 1, Неродениот и човекот кој не умре

Категории: , ,
ИСБН: 978-608-243-650-0

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Сонцето под земја, кралството над него. Кн. 1, Неродениот и човекот кој не умре”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in