Специјалист за љубомора и други раскази

Автор: Ју Несбе
Издавач: Издавачки центар ТРИ | Јазик: Македонски | Година: 2023
Оригинален наслов: The jealousy man and other stories | Бр. на страни: 214 | Димензии: 21 | Корица: тврда

Мрачни и возбудливи приказни - патување низ изопачените, лажливи умови на одмаздољубивите срца

Вистинските бестрашни љубители на криминалот со оваа книга ќе го доживеат најпродаваниот детективски автор како никогаш досега. Насловниот расказ е само вовед во многу заплеткани животни истории. Инспектор, спецјалист за љубомора, кој на островот Калминос ќе се соочи со чудно исчезнување на еден германски турист. Таксист кој ја наоѓа обетката на сопругата во автомобилот на својот работодавач. Жена која дознала дека сопругот ја изневерува и на летот од Њујорк до Лондон му го раскажува својот морничав план на човекот кој седи до неа...

Приказни проникнати со најмоќните човечки чувства. Во својот добропознат манир, Несбе ги прикажува можните смртоносни последици од неискреноста, љубомората и неверството. Извонредната атмосфера, шокантните пресврти и неизвесноста - што мајсторски ги владее, одново го потврдуваат како најдобар крими - автор на денешницата.

„Несбе умее остро да ги преобрази баналните и безначајни случувања во судбоносни пресвртници и духовито, но застрашувачки ги отсликува современото општество и светот околу нас.“
Берлингске

Цена: 450 ден

5 на залиха

Спореди
Продавач Издавачки центар ТРИ

Report an abuse for product Специјалист за љубомора и други раскази

Категории: , ,
ИСБН: 978-608-230-914-9

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Специјалист за љубомора и други раскази”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in