Спротивни светови
Author:
Алис Хофман
Publisher:
КУЛТУРА |
Language:
Македонски |
Year:
2020
Original title:
The marriage of opposites |
Num. of pages:
480 |
Dimensions:
20
|
Cover:
/
Забранета љубовна приказна на една извонредна жена која го раѓа сликарот Камиј Писаро – таткото на импресионизмот. Растејќи на идиличниот тропски остров Свети Тома во почетокот на 1800-тите, Рахел сонува за живот во далечниот Париз. Мајката на Рахел, столбот на нивната мала бегалска заедница на Евреи кои успеале да ја избегнат Инквизицијата, никогаш не ѝ простила на својата бунтовна ќерка која одбила да живее според правилата на заедницата. Рахел своето спасение го бара во нивната слугинка Адел и во нејзиното длабоко, доживотно пријателство со Жестин, ќерката на Адел. Рахел потпаѓа во ситуација во која нема контрола над својот живот. Таа е во брак со вдовец со три деца за да го спаси бизнисот на својот татко. Кога нејзиниот постар сопруг ненадејно умира и неговиот згоден, многу помлад внук, Фредерик, пристигнува од Франција за да го преземе управувањето со имотот, Рахел започнува пркосна, страсна љубовна врска која ќе предизвика скандал што ќе го погоди целото нејзино семејство, вклучувајќи го и нејзиниот омилен син Камиј, кој ќе стане еден од најголемите уметници на Франција.
Reviews
There are no reviews yet.