Срамота

Автор: Џон Куци
Издавач: Магор | Јазик: Македонски | Година: 2013
Оригинален наслов: Disgrace | Бр. на страни: 212 | Димензии: 135x200 | Корица: мека

Срамота од Џон М. Куци е роман што тешко се заборава. Вознемирувачката приказна за тричлената банда што ја силува ќерката на посрамотениот професор и книжевник Дејвид Лури останува длабоко врежана во сеќавањето на читателот, речиси како физичка рана. Овој мајсторски приказ за приватното и јавното посрамотување и каење, претставено низ духовното и физичкото патешествие на контроверзниот протагонист Дејвид Лури, има и политички и интимен карактер.

Ова исклучително, повеќеслојно, комплексно, стилски и јазично беспрекорно книжевно дело е добитник на Букеровата награда во 1999 година. Со тоа Куци станува прв писател што ја добил оваа награда двапати, имајќи предвид дека во 1983 му е доделена за романот Животот и времињата на Мајкл К. По ваквиот успех, Куци ја добива и Нобеловата награда за литература во 2003 година.

Како еден од најдобрите романи на Куци, Срамота несомнено ќе остане меѓу најмаркантните и најпотресните книжевни дела на XX век.

„Куци успева да создаде роман кој е истовремено и студен и насилен, и исклучително напишан и временски совршено темпиран.... Срамота е непријатна, но многу важна книга.“
Atlanta Journal and Constitution

„На Куциевото познавање на книжевната техника му нема рамно, неговата сериозност е непобитна, тој е еден од интелектуално најпрефинетите романсиери што пишуваат денес.“
Washington Post
Рангирано 5 од 5 според 1 рејтингот на корисниците
(1 оценка на корисник)

Цена: 350 ден

1 на залиха

Спореди
Продавач Магор

Report an abuse for product Срамота

Категорија:
ИСБН: 978-608-223-298-0

1 оценка за Срамота

  1. Rated 5 out of 5

    Hristina Arsova (верификуван корисник)

    Се сложувсм …непријатна и потресна …но поучна.

Додади оценка

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in