Среќа за почетници

Издавач: БАТА ПРЕСС | Јазик: Македонски | Година: 2023
Оригинален наслов: Happiness for beginners | Бр. на страни: 333 | Димензии: 21 | Корица: мека

КНИГАТА ПО КОЈА Е СНИМЕН ИСТОИМЕНИОТ ФИЛМ НА „НЕТФЛИКС“

Хелен Карпентер не може да се пронајде себеси. Тукушто разведена, на триесет и две години, нејзиниот живот се распадна толку многу, што таа не може да го состави. Така, кога нејзиниот досаден брат Данкан, ќе ја убеди да се пријави на брутален курс за техники за преживување во дивината на Вајоминг, таа се надева дека тоа е токму она што ѝ треба. Наместо тоа, испаѓа дека е катастрофа. Не е ништо од она што го сакаше, очекуваше или се надеваше. На пример, таа не ги предвиде ненадејните летни бури, ниту плускавците, ниту бучните елени. И се разбира, никако не предвиде дека токму на овој курс ќе се пријави Џејк, уште подосадниот, најдобар другар на нејзиниот брат – и дека ќе ја дефокусира, ќе ја извади од такт и дека… ќе ја бакне. Но, се чини дека понекогаш катастрофите можат да ве научат на оние работи што навистина треба да ги научите. На пример, како да продолжите понатаму, дури и кога мислите дека не можете. Како стравот може да ве направи похрабри. И како понекогаш ако навистина, ама навистина се изгубите, тоа е вашата единствена надеж за да се пронајдете себеси „Среќа за почетници“ на Кетрин Сентер е книга што ќе ви го затопли срцето, ќе ве навлече и ќе останете будни цела ноќ за да сфатите како да се средите. Ова е приказна што ќе ве научи како мачењето ве прави посилни. Зошто љубовта е секогаш значајна. И дека колку повеќе добри нешта барате, толку повеќе ќе најдете.

Цена: 430 ден

5 на залиха

Спореди
Продавач БАТА ПРЕСС

Report an abuse for product Среќа за почетници

Категории: ,
ИСБН: 978-608-253-228-8

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Среќа за почетници”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in