Стефано
Награда „Ханс Кристијан Андерсен“ за 2012 година
Стефано на Марија Тереза Андруето е приказна за внатрешното и надворешното патување што го искусува еден тинејџер, кој на почетокот на XX век, во периодот меѓу двете големи војни, тргнува на пат од Џенова кон Буенос Аирес во обид да го најде своето богатство. Гладот и болката, разделбата на пристаништето со пријателите кои исто така го напуштаат градот, патувањето со брод, бродоломот, пристигнувањето на пристаништето во Буенос Аирес, патувањето со воз до Пампа, зачленувањето во еден циркус... се пресвртници во ова патување во коешто младиот човек е воведен во светот на сексот, ја открива љубовта, наоѓа работа и почнува да го гради својот идентитет во новата земја.
Reviews
There are no reviews yet.