Страв од летање на 7а
Author:
Себастијан Фицек
Publisher:
Сакам Книги |
Language:
Македонски |
Year:
2021
Original title:
Flugangst 7A. |
Num. of pages:
392 |
Dimensions:
21 см
|
Cover:
мека
Постои смртоносно оружје што може да ја помине секоја гранична контрола. Ниеден контролор на светот не може да го види. Искусниот и успешен психијатар Мат Кругер е на ноќниот лет за Берлин. Тој мора да го надмине својот паничен страв од летање затоа што едвај чека да ја види својата трудна ќерка, која ја нема видено многу долго време. Посетува дури и семинар за надминување на стравот од летање, но брзо по качувањето во авионот сфаќа дека се подготвувал за погрешни стравови. Немирот овој пат не доаѓа од стравот од опасна турбуленција или паѓање на авионот или терористички напад, туку од телефонскиот повик преку кој дознава дека еден од патниците е ментално нестабилен пациент – негов поранешен пациент. Лице кое Кругер го има ослободено од насилни убиствени фантазии. А сега треба да го натера истиот тој нестабилен пациент да го урне авионот, затоа што во спротивно, ќе умре единствената личност на светот која тој вистински ја сака. Извонреден психолошки трилер кој си поигрува со основните човечки стравови, како клаустрофобијата и беспомошноста.
Reviews
There are no reviews yet.