Судбина
Author:
Луис Коуперус
Publisher:
Македоника |
Language:
Македонски |
Year:
2017
Original title:
Noodlot |
Num. of pages:
150 |
Dimensions:
200х140
|
Cover:
/
Луис Мари-Ан Коуперус (1863 – 1923) е еден од најистакнатите фигури на холандската литература, клучен претставник на симболизмот. Во 1923 година е добитник на престижната награда „Толенс“, која се доделува на секои пет години за опус со највисока книжевна вредност. Во своето време бил водечки холандски романописец и единствениот чиишто дела уште тогаш биле преведени на англиски, француски и на германски јазик. Во романот „Судбина“ (1890) е раскажана приказна за двајца пријатели; тоа е роман за пријателството, но и за фатализмот. По објавувањето, „бруталноста и морбидноста“ на романот предизвикуваат контроверзи и незадоволство, пред сё кај религиозниот печат во Холандија. Сепак, меѓу импресионираните од овој роман бил и Оскар Вајлд, што резултирало со спријателување на двајцата писатели. Денес „Судбина“ се смета за еден од најзначајните класици на холандската литература.
Questions and Answers
You are not logged in