Сушен период

Publisher: Антолог | Language: Македонски | Year: 2015
Original title: Sushna doba | Num. of pages: 304 | Dimensions: 13x20 | Cover: мека

 


 

Сушен период опишува љубовна врска меѓу Ана, 62-годишна дизајнерка од Централна Европа, и Исмаел, 27-годишен Африканец што пораснал на улиците и бил жртва на многу злоупотреби. Она што им е заедничко се осаменоста, трагичното детство, сушните периоди или „харматан“, кога ниту природата ниту љубовта не можат да процветаат. Наскоро, уметницата сфаќа дека празнината помеѓу нив не се појавува поради бојата на кожата или поради разликата во годините, туку поради нејзината припадност на западната цивилизација, во која таа ги има изгубено сите зацртани улоги – на ќерка, на жена и на мајка. Еротиката не ја надминува осаменоста, потиснатите тајни од минатото испливуваат во светот што е суров, но и поневин од нејзиниот. Во романот се преплетуваат магичен реализам и фрагменти од африканската политичка реалност, а посебно место ѝ се посветува на една од клучните фигури од африканската кинематографија: сенегалскиот режисер Џибрил Диоп Мамбети.

 

Романот Сушен период ја доби Книжевна награда на Европската Унија во 2013 година.

 

Габриела Бабник (1979) е словенечка писателка родена во Гепинген, Германија. Студирала компаративна книжевност во Љубљана, а потоа патувала во Африка, која станала инспирација за нејзините дела. Пишува книжевни осврти, есеи, патописи и интервјуа во различни медиуми во Словенија. Магистрирала со дисертација за современиот нигериски роман. Пишува политички колумни за африканските прашања.

 

„Далеку од сите стереотипи“.

Игор Братож, Дело

Rated 5 out of 5 based on 4 customer ratings
(1 customer review)

Price: 300 ден

Out of stock

Notify me when the product will be in stock

Compare
Sold By Антолог

Report an abuse for product Сушен период

Category:
SKU: 978-608-243-079-9

1 review for Сушен период

  1. Rated 5 out of 5

    Anonymous (verified owner)

Add a review

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Questions and Answers

You are not logged in