Свињизми
Мари Даријесек (1969) е една од најпопуларните француски писателки од поновата генерација. Свињизми е нејзиниот најпознат роман, финалист за наградата Гонкур. Брилијантен сатиричен роман за необична млада жена која работи во салон за масажа, при што истовремено дава сексуални услуги на своите муштерии. На почетокот таа доживува огромен успех, кој е попречен од нејзиното бавно претворање во – свиња. Отфрлена од блиските, почнуваа да живее живот на бездомничка. Случајната средба со еден десничарки политичар ја поставува во средиштето на неговата политичка кампања. Нејзината судбина се менува кога ќе сретне еден врколак со исклучителен апетит.
Даријесек го истражува проблемот на женското тело и манипулацијата со него. Парадоксално, во мигот кога нејзиниот лик ќе ги напушти телесните карактеристики на жена, станувајќи непривлечна според човечките стандарди, таа всушност се еманципира себеси.
Прашањата за родот, политиката и општественото лицемиерие се главните аспекти на овој исклучителен роман. Свињизми е феминистичката Метаморфоза на деведесеттите години, истовремено моќен антиутописки роман за политичката моќ и нејзината брутална опачина.
Reviews
There are no reviews yet.