Таен сведок

Издавач: Издавачки центар ТРИ | Јазик: Македонски | Година: 2018
Оригинален наслов: The whistler | Бр. на страни: 342 | Димензии: / | Корица: мека

Очекуваме од нашите судии да бидат чесни и мудри ‒ нивниот интегритет и нивната непристрасност се темелот на целиот правосуден систем. Со својата долгогодишна работа како агент во Комисијата за судиска етика, Лејси Столц смета дека повеќето проблеми во работата на судиите се должат на некомпетентност, а не на корупција. Но на нејзината маса завршува токму таков случај. Еден бивш адвокат, кој се враќа во фелата под новото име Грег Маерс, тврди дека судијката Клодија Мек-Довер е најкорумпираниот судија во историјата на американското правосудство. Не само што за поткуп вмешала прсти во изградбата на големо казино во индијански резерват во кој важат други закони, туку е и тесен соработник на мозокот што стои зад сето тоа, фантомскиот мафијашки бос Вон Дјубоз. Планот со години функционира совршено. Сега Грег и неговиот анонимен клиент ‒ Тајниот сведок ‒ сакаат да ја разоткријат судијката за милионска награда.На Лејси веднаш ѝ станува јасно дека тоа може да биде опасно. Што ако буквално си го става животот на коцка?... Од мајсторот на правниот трилер Џон Гришам, нов, опасно возбудлив роман за корупцијата во темните ќошиња на сончевата Флорида.

Цена: 450 ден

Распродадено

Извести ме кога производот ќе биде на залиха

Спореди
Продавач Издавачки центар ТРИ

Report an abuse for product Таен сведок

Категории: ,
ИСБН: 978-608-230-597-4

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Таен сведок”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in