Тајната градина
Оригинален наслов:
The secret garden |
Бр. на страни:
282 |
Димензии:
200х140
|
Корица:
/
„...се провлече низ вратата, ја затвори зад себе, стоеше со грб свртена кон неа, се обѕирнуваше и дишеше многу брзо од возбуда и зачуденост и од задоволство.
Стоеше внатре во тајната градина.
Тоа беше најубавото, најмистериозно место што некој може да си го замисли.“
Останата без родители и испратена да живее со нејзиниот вујко, Мери Ленокс е осамено и несреќно дете. Запознавањето со Дикон, кој многу брзо ќе стане нејзин најдобар пријател, е почеток на незаборавната авантура. Преку ова пријателство и комуникацијата со нејзиниот хипохондричен братучед Колин, Мери започнува да учи за себе си. Нивните животи сосем се менуваат откако Мери ќе ја пронајде вратата што води во мистериозната тајна градина.
„Тајната градина“ е еден од најпопуларните романи на Бурнет, и се смета за класик во британската литература. Романот повеќепати е адаптиран за филм и театар.
Anonymous (верификуван корисник) –
Многу е убава книгава па дури и за моја возраст!