Тајните на мажените жени

Издавач: КУЛТУРА | Јазик: Македонски | Година: 2019
Оригинален наслов: The secrets of married women | Бр. на страни: 303 | Димензии: 20 | Корица: мека

Три најдобри пријателки. Три совршени бракови. Но, дали работите се такви какви што изгледаат? Тајните на мажените жени е роман исполнет со предизвиците на модерните брачни врски и го поставува прашањето: колку добро можеме да ги познаваме нашите сопрузи, нашите пријатели, па дури и себеси? Кога сопругот на Џил ќе открие дека не може да има деца, нивниот брак полека ќе почне да се распаѓа, а Џил не знае како да го поправи. Разочарана, таа бара утеха кај своите пријателки: жестоката Ли, со својата моќна кариера и со семејство кое ја обожава и едноставната Венди, која има совршен брак на кој секоја жена би ѝ завидувала. Животите на Ли и на Венди изгледаат совршени. Но, под површината се наоѓаат огромни тајни што можат да го расипат нивното пријателство. Ли е уморна од сопругот што постојано останува дома и бара возбуда – надвор од брачниот кревет. Венди, и по седумнаесет години брак, не може да сфати дека нешто недостасува во нејзиниот живот. Бидејќи Џил е длабоко вовлечена во односите на своите пријателки, таа се соочува со сопствено искушение: еден интригантен странец, чиј добар изглед и шарм ѝ предизвикува моментална заинтересираност.

Цена: 420 ден

Распродадено

Извести ме кога производот ќе биде на залиха

Спореди
Продавач Култура

Report an abuse for product Тајните на мажените жени

Категории: , ,
ИСБН: 978-608-262-049-7

Questions and Answers

You are not logged in