Теорија на чудноста

Publisher: Македоника | Language: Македонски | Year: 2020
Original title: Teorie podivnosti / Pavla Horáková | Num. of pages: 302 | Dimensions: 21 | Cover: /

Романот „TEOРИЈА НА ЧУДНОСТА" ОД ПАВЛА ХОРАКОВА е награден со највисоката книжевна награда во Чешка „Магнезија литера“ за најдобра проза во 2019 година. Романот претставува брилијантно прикажана потрага по длабокото значење на животот. Опишани се неколку месеци од животот на Ада Сабова, нестереотипна, млада, урбана интелектуалка, која се обидува да ги балансира приватниот живот и кариерата. Разочарана од врските, од предвидливиот модел на својот живот, а најмногу од својата работа во Институтот за интердисциплинарни студии за човекот, таа наоѓа забава во забележувањето на ситни, очигледно случајни и невообичаени детали околу неа, пред да сфати дека тие навистина следат одредени обрасци, што резултира со нешто што таа приватно го нарекува „теорија за чудноста“. Зголемената опсесија на Ада со потрагата по исчезнатиот син на колешката ја турка на нов пат: и нејзиниот уреден, предвидлив живот одеднаш ќе добие сосема неочекуван пресврт. Книгата се чита и како љубовна приказна со загатка, но истовремено и како расудување за смислата на суштествувањето, карактерот на времето, историјата на Централна Европа, за туѓите влијанија кои Ада ги забележува околу себе, а кои со карактеристичниот хумор, саркастична перцепција и мистичност, се обидува да ги обедини во „теоријата на чудноста“. За сите овие феномени, таа бара сеопфатна дефиниција во својата „теорија за чудноста“ и открива дека не може да ги сфати бесконечните сложености на светот со чиста причина. И додека општеството околу неа сè повеќе се приврзува кон празните правила, Ада ги напушта своите структури една по една и тргнува кон слободата. Романот „Теоријата на чудноста“ е оценет како дело на голем литературен талент во комбинација со брилијантен интелект и со т.н. женска мистика. Магазинот „Ехо“ го нарече најпаметното дело на чешката проза на деценијата. „Теоријата на чудноста“ е „софистицирана и смела, внимателно структурирана, чудно примамлива потрага по душата “. Тече како едноставна детективска приказна и постепено открива сè повеќе слоеви, истражувајќи ја состојбата на современиот свет.

Price: 300 ден

7 in stock

Compare
Sold By Македоника Литера

Report an abuse for product Теорија на чудноста

Category:
SKU: 978-608-252-145-9

Reviews

There are no reviews yet.

Be the first to review “Теорија на чудноста”

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Questions and Answers

You are not logged in