Теса од Д’урбервилови

Издавач: Магор | Јазик: Македонски | Година: 2013
Оригинален наслов: TESS of the d'Urbervilles: A pure Woman | Бр. на страни: 461 | Димензии: 135x200 | Корица: мека

Теса од Д’Урбервилови на Томас Харди е едно од најголемите трагични дела на викторијанската литература. Романот ја раскажува приказната за Теса, сиромашна жена чии претходни љубовни врски и неуспеси доведуваат до тоа да биде оставена од нејзиниот маж на нивната венчална ноќ. Бидејќи се занимава со прашања поврзани со класата, религијата, половите и сексуалноста, во времето на своето појавување романот бил исклучително контроверзен. Денес е популарен како кај обичните читатели, така и кај критичарите и историчарите на литературата. „За Харди романот е средство за создавање вистински, па дури и сурови и груби претстави за животите на мажите и жените... Во секоја негова книга три-четири ликови преовладуваат, и стојат како водачи што ја привлекуваат силата на другите елементи... Накусо, никој не може да ја негира силата на Харди – вистинската романсиерска сила – да нѐ убеди дека неговите ликови се живи суштества прогонувани од своите страсти и особености, додека истовремено поседуваат – а во тоа се состои талентот на писателот – нешто симболичко што е заедничко за сите нас.“
Вирџинија Вулф

Цена: 550 ден

Распродадено

Извести ме кога производот ќе биде на залиха

Спореди
Продавач Магор

Report an abuse for product Теса од Д’урбервилови

Категорија:
ИСБН: 978-608-223-313-0

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Теса од Д’урбервилови”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in