Торонто експрес
Author:
Зоран Спасов Ѕоф
Publisher:
Арс ЛАМИНА |
Language:
Македонски |
Year:
2021
Original title:
Торонто експрес |
Num. of pages:
108 |
Dimensions:
140/200
|
Cover:
тврда
„Соу, не постои човек што не ги прочитал неверојатните приказни за ветената земја од калибарот на ‘Босанац у Канади’ и ‘Домаќи задатак’. Читаш, се газиш од смеење и се прашуваш могуќе ли е? И овој текст е нешто слично, у тој стил, ама не баш. Ова повеќе е обид Канада да се види со македонски очи, но и да се доживее со космополитска душа; низ малите есејчиња да се доловат измешаните чувства на љубов, среќа, тага, радост, носталгија...“ Најновата книга на Зоран Спасов-Ѕоф – „ТОРОНТО ЕКСПРЕС (Тибам штркот апдејт)“ е документаристичка стрип-проза; еден вид фото-нарација со блиц, зум и слободен кадар и фокус; „водич за идните печалбари и тазе имигранти“, како што вели самиот автор, или литерарен прирачник за заминување, но и за враќање од Канада. Последното (враќањето) е нешто невообичаено за ваков тип „прирачници“, упатства и помоши за адаптации во туѓи средини и можеби токму тоа ја долева последната капка во оваа преполна чаша искреност и таа претекува на сите страни. Ова е приказна што брзо и неосетно влегува под кожа: популарна, ефектна, штосна, документарна и есеизирана; приказна што „шверцува“ нашинство и носталгија во далечниот, среден свет каде што објективно тоа не е предвидено. Напишана на скопски сленг, книгава нуди една нова форма на битовост, на модерно печалбарство, актуелизирајќи го вековниот проблем на иселувањето на нашиот народ на еден автентичен, самосвоен и мошне читлив, ведар и духовит начин. Новите „печалбари“ се академски музичари кои разнесуваат пици, машински инженери – „конобари“ по свадби, ортопеди – стручњаци за гипс-картон... Нивните (не)употребливи дипломи чекаат во куферите зафрлени во подрумите на големите изнајмени куќи во Канада. Јазикот, стилот, фактографските пасажи, фокусираните детали, отворениот, духовит и автоироничен поглед на нас самите, секако и илустрациите на Тхе Мичо низ текстот, се чини дека повторно ја нашле формулата за успех и читаност на претходната книга на Ѕоф: „ТИТО – мојот претпоследен херој“.
Reviews
There are no reviews yet.