Традиција низ перото на баба
Илустриран детски роман кој ги прикажува најважните и големи христијански празници.
Секое семејство пожелно е во својата домашна библиотека да го имаат романот за деца ,,Традицијата низ перото на баба“. Од најмала возраст да ги запознаеме децата со нашата богата традиција, која е претставена низ христијанските празници и обичаи кои ги применува семејството.
Празниците се време кога сите се собираат со своето семејство, ги облева весел дух, сплотеност и среќа во домот. Оваа книга ја опишува таа среќа. Среќните луѓе растат и воспитуваат среќни деца.
Преку едноставните слики од животот да ја сфатат важноста на дарувањето и духовното растење, преку почитување на народните обичаи и оставање аманет празниците да се почитуваат и да се пренесуваат на следните поколенија.
Reviews
There are no reviews yet.