Тристан ; Тонио Крегер ; Смрт во Венеција
Автор:
Томас Ман
Издавач:
Конгресен Сервисен Центар |
Јазик:
Македонски |
Година:
2013
Оригинален наслов:
/ |
Бр. на страни:
187 |
Димензии:
21 цм
|
Корица:
/
/Со „Тристан“ Томас Ман се надоврзува на европската и на германската културна традиција: на средновековниот еп „Тристан и Изолда“ од Готфрид фон Штразбург, напишан според Кретиен де Троа, на истоимената опера од Рихард Вагнер и на песната „Тристан“ од постромантичарот Август фон Платен-Халерминде.
Во „Тонио Крегер“ љубовниот живот на главниот јунак е парадигма за неговиот напор да изнајде средина меѓу противставените начела, за способноста да ги обедини во целина своите уметнички склоности одразени преку хомоеротската љубов спрема Ханс Хансен и преку граѓанските потреби чиј симбол е Инге Холм.
Хомоеротското во новелата „Смрт во Венеција“ го препознаваме по заводливо-фиксирачката атмосфера на градот, мешавината од болест и од смрт, по хомоеротските црти на ликовите, почнувајќи од Густав фон Ашенбах, лажното момче, гондолиерот, Таџо и др., по мноштвото мотиви со сексуална конотација и по странскиот идиом што ја ерогенизира комуникацијата.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.