Црвената соба

Publisher: македоника | Language: Македонски | Year: 2014
Original title: Roda rummet | Num. of pages: 283 | Dimensions: 200х140 | Cover: /

Романот „Црвената соба“ (1879) е именуван според ресторанот во кој Стриндберг често се среќавал со своите пријатели новинари и уметници. Главниот лик е Арвид Фалк. Барајќи работа во Стокхолм, среќава алчни прекупци, мрзливи аристократски жени, лицемерни свештеници, недоделкани парламентарни пратеници и цинични издавачи. Најдобро се чувствува надвор од градот заедно со другарите во „Црвената соба“, кои се исто така во постојана беспарица. Во ова дело на Стриндберг, кое се смета за прв модерен шведски роман, доминира слика на гнило општество – на едно „ткиво од лаги“: општество во кое моќта на парите е тотална, а насекаде се присутни деловните измами и гнилежот на корупцијата. Темпото во романот е брзо, јазикот е силен и богат, сатирата остра и разорна. „Црвената соба“ е рапсо­ди­чен, а има и црти на хумористичниот роман. Некои поглавја се врвни сатирични текстови. Кога првпат бил објавен, рецензентите го оцениле како „одвратен и дрзок“, пишувале за скандал-роман. 
Rated 5 out of 5 based on 4 customer ratings

Price: 300 ден

5 in stock

Compare
Sold By Македоника Литера

Report an abuse for product Црвената соба

Category:
SKU: 978-608-225-098-4

Questions and Answers

You are not logged in