Училишен театар

Publisher: Македоника | Language: Македонски | Year: 2022
Original title: Училишен театар | Num. of pages: 158 | Dimensions: 200х140 | Cover: мека

Книгата содржи близу четириесет пиески (едночинки) за деца, со теми од животот на современо дете: домот, училиштето, улицата, детската игра, природата... Покрај децата јунаци (главни и споредни), во пиеските се сретнуваат и „претставници“ на животинскиот и растителниот свет, но и птиците, инсектите и таквите мали-големи нешта од секојдневјето кои човекот не ги забележува многу, а се многу важни во животот и на луѓето, но и за рамнотежата во природата. Оваа книга, всушност, е мозаик од куси драмски текстови, во коишто доаѓа до израз искуството и богатата творечка фантазија на авторот, на чии крилја детските желби и соништа си ја наоѓаат вистинската „земја на соништата“, но авторовото чувство и хуморната интонација на детското секојдневие. Преку тие куси секвенци од животот на децата, авторот на одбран начин им покажува: што можат, а што не смеат да го прават. Но тоа не го прави со некоја „разголена“, отворена дидактичност, ами со своевидна, уметничка мерка. Моралната поука се чита меѓу редовите на пиеските. Таа доаѓа самата по себе. Воспитните елементи, или моменти, произлегуваат од самата содржина. Од материјата вообличена во уметнички, драмски текст.
Rated 5.00 out of 5 based on 1 customer rating

Price: 250 ден

9 in stock

Compare
Sold By Македоника Литера

Report an abuse for product Училишен театар

Categories: , ,
SKU: 978-608-252-009-4

Questions and Answers

You are not logged in