Упокојувањето на просекторот Маерхофер

Издавач: Прозарт Паблишинг | Јазик: Македонски | Година: 2018
Оригинален наслов: Упокојувањето на просекторот Маерхофер | Бр. на страни: 129 | Димензии: / | Корица: мека

Упокојувањето на просекторот Маерхофер е роман со необично долги и извонредно стилизирани реченици, којшто го следи сосема краткиот период, неколкуте последни моменти од животот на Кристијан Маерхофер Помладиот, просектор во локалната болница во Хајделберг, во Германија. Тој, во последен момент трага по сеќавањата и по чувствата, а таа потрага се претвора во метафизички трилер или постмодерен пикарски роман. На тоа патување, тој ќе го открие своето вистинско лице и потекло, и во таа вистина нема да има ништо утешно, освен вистината сама по себе.

Авторот на романот инспирацијата ја барал во поетската филозофија и во јазикот на Фридрих Хелдерлин, во „карактеризацијата“ на ликовите на Роберт Музил, во атмосферата на романите на Томас Ман и Франц Кафка, во стилизацијата на Хенри Џејмс и во поетичкиот јазол којшто постои во прозата на Данило Киш. Тој верува во високиот стил на книжевното раскажување, во идејата на книжевната форма и во апсолутната универзалност на својата приказна, којашто нема да биде стеснета од никакви временски и географски ограничувања.

Цена: 249 ден

6 на залиха

Спореди
Продавач Прозарт Медиа

Report an abuse for product Упокојувањето на просекторот Маерхофер

Категории: ,
ИСБН: 978-608-256-030-4

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Упокојувањето на просекторот Маерхофер”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in