Вагонот со сираци

Издавач: Сакам Книги | Јазик: Македонски | Година: 2019
Оригинален наслов: Orphan's tale | Бр. на страни: 370 | Димензии: / | Корица: мека

Моќна приказна за пријателството, која се одвива во циркус кој патува низ Европа за време на Втора светска војна. Вагонот со сираци ни ги раскажува приказните на две исклучителни жени, приказни за жртвување и преживување по секоја цена. Шеснаесетгодишната Ноа ја бркаат од дома откако останува трудна од германски војник и ја принудуваат да се откаже од бебето. Немајќи друг избор, таа живее во мала железничка станица, каде што работи како чистачка за да си го заслужи престојот. Кога Ноа наоѓа вагон со бебиња Еврејчиња товарени за патување до некој концентрационен логор, одеднаш се потсетува на детето што ѝ било одземено. Импулсивно грабнува едно од бебиња и бега во ноќта, и тој момент засекогаш ќе ѝ го промени текот на животот. Ноа наоѓа засолниште во германски циркус, но мора да научи да изведува точки на летечки трапез за да се вклопи и да не биде забележана од непријателот, а со ова ѝ боде око на главната акробатка, Астрид. Ноа и Астрид најпрво се ривалки, но набрзо се зближуваат како сестри. Меѓутоа, војната е премногу опасна за сите во циркус кој крие Евреи, па Ноа и Астрид мора да решат дали нивното пријателство ќе биде доволно за да ги спаси – или тајните што горат помеѓу нив ќе уништат сè.

Цена: 450 ден

5 на залиха

Спореди
Продавач Сакам Книги

Report an abuse for product Вагонот со сираци

Категории: ,
ИСБН: 978-608-260-012-3

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Вагонот со сираци”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in