Вечниот син

Publisher: ИКОНА | Language: македонски | Year: 2014
Original title: O filho eterno | Num. of pages: 220 | Dimensions: 129x198 mm | Cover: тврда

 

Вечниот син е искрена автобиографска новела од писател кој има дете родено со Даунов синдром.

Кристовао Теза го опишува искуството од првичниот шок кога ја дознал дијагнозата, трудот да го разбере светот на болниците и терапиите, притоа испреплетувајќи ја приказната за животот на неговиот син Фелипе со сопствената животна приказна.
Фелипе, кој живее во вечна сегашност, станува извонреден млад човек; за Теза, сепак, приказната е подмирување на сметките со самиот себе и неговите ограничувања и, конечно, до помирувањето со возвишените ирониии и арбитрарности на животот. Тој се бори со фантомот на срамот, со состојбата на неговиот син која како да е негативен показател на неговата вредност, и копнее по “нормален“ свет кој секогаш му е надвор од дофат.

Читајќи ја оваа привлечна книга е како да се сопнуваш од некоја дупка и влегуваш во умот на писателот, каде што ништо не е цензурирано, и сè постојано се испитува и реинтерпретира. Резултатот е - тешко стекната филозофија на секојдневниот живот.
Извонредно е да сретнеш човечка драма како раѓање на дете со посебни потреби, а да е темелно истражувано од таткото кој во случајов е и талентиран писател. Вечниот Син е искрена и остроумна приказна од еден од најистакнатите современи бразилски писатели.

Бразилскиот автор Теза применува непоколеблива искреност и писателска љубопитност во приказната за неговото постепено прифаќање на сопствениот син. Неверојатна приказна за татко кој, сепак, наоѓа понизност – Сан Хералд

Непоколеблива и елоквентна книга – Канбера тајмс

 

Price: 499 ден

5 in stock

Compare
Sold By ИКОНА

Report an abuse for product Вечниот син

Category:
SKU: 9786082210445

Questions and Answers

You are not logged in