Вистинско крзно од леопард

Издавач: Антолог | Јазик: Македонски | Година: 2021
Оригинален наслов: Pravý leopardí kožich | Бр. на страни: 240 | Димензии: 13×20 | Корица: мека

Моќна и слоевита приказна за жена што го губи своето предвремено родено синче. Тагата ја пренесува во светот на сенките на нејзините мртви предци, кои живееле во истиот дом каде што таа ги минува тешките денови по загубата. Трагедиите од холокаустот се испреплетуваат со етичките дилеми во љубовниот триаголник во кој се заробени Јана и нејзината најдобра пријателка Тинка, чиј сопруг е и татко на изгубеното дете.

Повикот на дивата телесност се поставува наспроти поредокот на општествените односи. Модерната жена, која во еден миг им потклекнува на длабоките и необјасниви инстинкти на физичката привлечност кон мажот што би требало, според општествените конвенции, да ѝ биде само пријател, се разгранува во комплексна слика на родовите противречности низ кои се бара топлината на вистинската љубов.

На крајот, дали е најбитно да се преживее, но и да се пружи рака за помош дури и на озлогласениот непријател?

Цена: 350 ден

10 на залиха

Спореди
Продавач Антолог

Report an abuse for product Вистинско крзно од леопард

Категорија:
ИСБН: 978-608-243-520-6

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Вистинско крзно од леопард”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in